Пелистер со прво странско засилување – Рајл Овенс ги засили битолчани

Пелистер продолжува со составување на тимот кој следната сезона ќе се бори на два фронта. По продолжувањето на договорот со неколку кошаркари, како и ангажманот на Двојаковски, Јовановски и Ристевски битолчани го добија и првото странско засилување во Рајл Овенс.

Американскиот 25-годишен бек во Македонија доаѓа од редовите на грузиски ТСУ каде на 25 одиграни натпревари забележа просек од 13.3 поени, 4.4 скока и 2.2 асистенции помагајќи му на тимот да стигне до полуфиналето од плеј-офот.

Минатогодишниот вицешампион на Македонија повторно ќе биде еден од претендентите за титула, а се очекува и подобро претставување во АБА2 првенството. Како потсетување, деби сезоната во регионалната лига битолчани ја завршија на 11. место на табелата со скромен скор од четири победи и девет порази.

Се вчитува...