Пелистер со шест кошаркари не можеше да го изненади најдобриот тим во АБА 2

Кошаркарите на Пелистер доживеаја нов пораз во АБА 2 лигата откако вечерва загубија со 86-101 од единствената непоразена екипа досега во ова натпреварување Борац Бања Лука. Битолчани дадоа максимум на мечот со оглед на фактот што на овој меч настапија само со шест кошаркари. Од вообичаениот состав недостигаа Караџовски и Хотон, како и Стојан Ѓуровски кој е во Сараево, но не настапи ниту на претходниот меч поради повреда.

Гостите подобро го отворија мечот и по првите десет минути имаа водство од 19-28. Избраниците на Марјан Илиевски одиграа неверојатно во вториот период кој го добија со дванаесе поени разлика и на пауза заминаа со предност од 48-45.

Сепак, малата ротација си го направи своето и дилемите околу победникот тимот од Бања Лука ги разреши во третиот период добивајќи го со 32-19 и во последните десет минути влезе со предност од (67-77). Во четвртиот период го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 86-101.

Никола Малешевиќ со 24 поени беше убедливо најдобриот поединец во таборот на „зелено-белите“, додека кај победникот со ист број поени заврши Канингем.

 

Се вчитува...