Пелистер стартуваше со победа над Шкупи во плеј-аут фазата

Пелистер забележа драгоцена победа  пред своја публика против тимот на Шкупи со конечни 80-73, во првото коло од плеј-аут фазата. Неивесноста на мечот траеше се до последните моменти, со тоа што Пелистер ги искористи шансите во период кога се кршеше резултатот.

Битолчани го направија првиот потег кон позитивен резултат освојувајќи ги првите два период со минимални 18-17 и 21-20, сепак работата беше далеку од завршена бидејќи избраниците на Енвер Мифтари не се предадоа пред време и тргнаа по изнандување. Тимот од Чаир направи пресврт освојувајќи го третиот период со 22-14, меѓутоа Пелистер пружи дополнителен отпор во решавачката четвртина, па со серија од 12-2 го врати резултатот во своја корист.  Во последните пет минути од средбата се играше кош за кош, а петте поени во низа на Роберт во последните 60 секунди од средбата беа клучни за победата на Пелистер.

Луис Роберт забележа 28 поени и додаде седум асистенции во победата на Пелистер, Ѓорѓи Анакиевски го следеше својот соиграч со 26 поени и шест скока. Џордан Рид беше најефикасниот кошаркар од редовите на Шкупи со 18 поени, Ервин Чого додаде 17 поени.

Се вчитува...