Пелистер триумфално против ТФТ, си закажа реприза на ланското финале со МЗТ Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Пелистер ќе ги играат во финалето против МЗТ Скопје Аеродром во битката за титула во Првата македонска кошаркарска лига откако славеа со 2-0 во полуфиналната серија против ТФТ Скопје.

„Пелистерци“ и во вториот полуфинален меч триумфираа на гостувањето против ТФТ во Скопје со 82-84.

Битолчани одлично го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 27-34, меѓутоа домашните потоа полека активно се враќаа во игра за максимална израмнетост во последната четвртина во која ТФТ дојде и до предност во еден момент. Меѓутоа, Пелистер во последната минута влезе со предност од 78-82, која успеаја да ја сочуваат до крајот за конечна победа од 82-84.

Андреј Маслинко го предводеше Пелистер до победата со 23 поени и 11 скока, Карпентер го заврши мечот со 20 поени, а Карутерс постигна 17 поени. Мекбраер беше најдобар кај ТФТ со 17 постигнати поени.

Пелистер ќе ги игра повторно во финалето на домашниот шампионат, и повторно против бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром.

 

Се вчитува...