Пелистер во финишот го урна отпорот на „жилавиот“ Кожув

Кошаркарите на Пелистер остварија нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во тврд натпревар со малку поени славеа на домашен терен против Кожув со 72-61 како дел од 11. коло од Првата лига.

Гостите од Гевгелија му пружија вистински отпор на фаворитот, а на полувреме успеаја да заминат и со егал резултат (32-32). Во вториот дел гевгеличани одолеваа се до финишот кога пелистерци успеаја да побегнат во неколку наврати на плус пет и на крајот да ги задржат за нов триумф од 72-61.

Јуре Планиниќ со по 13 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените залудни беа 24 поени на Колин Слејтер.

Се вчитува...