Пелистер во Широки Бријег ќе игра за чест

Последниот турнир од регуларниот дел на АБА2 лигата ќе се одржи во Широки Бријег, а таму македонските тимови ќе имаат сосема различна улога. МЗТ Скопје ќе го брка првото место на табелата, додека Пелистер ќе игра за чест.

Битолските „зелено-бели“ по десет одиграни средби имаат само две победи во првенството со што го завземаат претпоследното место на табелата, а во обид да се избегне дното и по завршувањето на регуларниот дел од сезоната ќе мораат да слават во средбите со Осијек, Хелиос и Спарс.

Првиот предизвик за избраниците на Илиевски е „фенерџијата“ Осијек, дуел кој ќе биде одиграни денеска со почеток од 15 часот, а за славје битолчани ќе мораат да го заштитат рекетот. Истото нема да биде лесно доколку се земат во предвид повредите во таборот на македонскиот тим, како и отсуството на главниот тренер, но лидерот на табелата во домашното првенство ќе мора да даде се од себе за позитивен исход од премиерата во АБА2 лигата.

Се вчитува...