По повод скандалозната прослава на Вардар на титулата, се огласија и од Пелистер. Од таборот на битолскиот клуб најостро ги осудија навредливите и понижувачки пораки за време на прославата на „црвено-црните“.
Од Пелистер потенцираат дека почитта мора да биде над ривалството.
„Најостро ги осудуваме навредливите и понижувачки пораки упатени кон жените од Битола за време на прославата на титулата на ФК Вардар, како и во т.н. извинување на нивниот прв човек. Фудбалот треба да обединува, да слави спортски дух и успех, а не да биде простор за ширење омраза, сексизам и навреди.
Ниту една прослава не смее да биде оправдување за деградирање на жените, навредување или ширење примитивизам. Ваквото однесување не е навивачка страст, туку срам за спортот и за општеството.
Почитта мора да биде над ривалството. Да навиваме со срце, но и со достоинство.“, велат од ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
