„Пелистерецот“ Лесјак ја има најубавата одбрана во четвртфиналето во СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак ја има најубавата одбрана во четвртфиналните натпревари од годинашното издание во регионалната ракометна СЕХА лига.

Одбраната на Словенецот во последната серија од пенал рулетот против Мешков Брест на битолчани им донесе историско прво учество на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување кој следниот викенд ќе се игра во хрватскиот Задар.

Македонија токму во името на Еурофарм Пелистер ќе има свој претставник на завршниот турнир.

 

Се вчитува...