„Пелистерки“ на мегдан со Наиса Ниш во Челинџ-купот

Ракометарките на ЖРК Пелистер на денешниот ждреб во Виена го добија противникот во осминафиналето од Челинџ-купот. Тоа ќе биде српскиот претставник Наиса од Ниш, ривал по мерка со кого битолскиот клуб би можел да се надигрува и да се обиде да стигне до четвртфиналето од ова европско натпреварување, a во чии редови од оваа сезона настапува и македонската репрезентативка Симона Стојановска.

Со оглед на фактот дека „пелистерки“ беа носителки на ждрепката јасно е дека можеа да добијат и нешто полесен противник, но во секој случај со добра подготовка македонскиот претставник може да се надева на успех и против српскиот прволигаш.

Само за потсетување, ЖРК Пелистер во претходната рунда го елиминираше тимот на Ла Сал од Малта, совладувајќи го на двата натпревари (24-30 на гостински терен и 27-20 пред своите гледачи).

Се вчитува...