„Пелистерци“ пари не добија, но во Тетово одат на победа!

Фудбалерите на Пелистер ја очекуваат исплатата на заостанатите долгови кон нив од страна на раководството на клубот, но како што велат тоа ни малку не ја намалува желбата да се оди на победа на гостувањето против Ренова во Тетово денеска од 15:30 часот.

Со дуелот меѓу Ренова и Пелистер на Градскиот стадион во Тетово стартува 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Пелистерци“, и покрај извесниот револт кој го демонстрираа на претходниот дуел со Скопје, бележат одлични резултати на стартот од новата сезона предводени од Срѓан Захариевски.

Со триумф против „гипсарите“ денеска посакуваат и издвојување на врвот од табелата, прескокнувајќи ја Шкендија која во моментов е на чело со два бода предност во однос на битолчани.

Но, конечно победа посакуваат и во таборот на Ренова. „Гипсарите“ од првите четири средби имаат само две ремија и два порази. Сега четата на Влатко Костов ќе мора да се соочи со сериозен предизвик како Пелистер ако сака да дојде до првиот триумф.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч)

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

УТРЕ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Скопје: СКОПЈЕ – ВАРДАР

Прилеп: ПОБЕДА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...