„Пелистерци“ самоуверени: Салата ќе биде полна, сите сакаме место на Ф4 во СЕХА

Ракометарите на Е. Пелистер со нетрпение го очекуваат утрешниот четвртфинален дуел од СЕХА-лигата, во кој битолчани за противник ќе го имаат составот на Мешков Брест.

Белорускиот тим направи сериозни проблеми во составот во однос на ланската сезона, слично како и Пелистер, но битолчани се оптимисти дека пред својата верна публика ќе успеат да стигнат до победата што ќе ги одведе на фајналфор турнирот во Задар на почетокот од следниот месец.

„Ја започнуваме новата сезона, ни следи првиот официјален натпревар. Напорно се подготвувавме за овој битен дуел. Многу битен натпревар за сите нас. Со победа ќе се квалификуваме на завршниот турнир на СЕХА лигата, а тоа би бил преголем успех за сите нас. Мешков Брест е одлична екипа. Без разлика што имаат измени во ростерот, сепак костурот на белоруската репрезентација е во овој тим. Добро се воиграни, играат заедно и се работи за респектабилен тим. Очекуваме поддршка од трибините, нашиот „осми играч“ ќе ни биде најпотребен. Не се сомневам дека ќе биде исполнета салата. Битола живее за овој спорт и верувам дека со наша добра игра и нивна поддршка ќе се радуваме на пласман на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата“, изјави Никола Костески.

Се вчитува...