Бројот на македонски клубови кои во следната сезона покрај домашната сцена ќе настапуваат и во интернационалните натпреварувања се зголемува, а по МЗТ Скопје, ТФТ, Куманово и Академија ФМП ваков предизвик прифати и Пелистер кој ќе дебитира во АБА2 лигата.
Раководството на клубот од Битола ја прифати поканата на јадранската лига за настап во второто по ранг натпреварување со што „зелено-белите“ му се приклучија на МЗТ Скопје како претставници на Македонија.
Тоа значи дека „пелистерци“ ќе бидат четвртти македонски клуб кој ќе настапи во ова првенство по неговото формирање во 2017 година. Прв учесник беше АВ Охрид, потоа од првото по ранг натпреварување во АБА2 се пресели МЗТ Скопје, а претходната сезона дебитираше и Работнички.
Пелистер го потпиша македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски, а се очекува по влезот во АБА2 битолчани да инвестираат уште повеќе во играчкиот кадар за достојно да се претстават во регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА