Пелистер преку Спарс до четврта победа во АБА 2

Пелистер со триумф над Спарс Сараево од 97-90 ја запиша четвртата победа, а втора во низа во рамки на последниот турнир од регуларниот дел на АБА2 лигата, кој се одржува во Широки Бријег.

„Пелистерци“ одлично го отворија натпреварот, за кратко време направија минимална предност која ја задржаа до крајот на првата четвртина. Очигледно беше дека и двата тима беа расположени во реализацијата и во вториот период, а во играта „кош за кош“ ниеден тим не успеа да направи сериозна предност. Откако првата четвртина ја доби Пелситер со 29-27, тимот од Битола и на пауза замина со минимална предност од 54-51.

Пелситер ја продолжи одличната игра и во третиот период. Тогаш кога се кршеше натпреварот „пелистерци“ особено доминираа во нападот, постојаната разлика од десет поени во целост го откажаа противникот. До крајот на мечот „пелистерци“ одиграа рутински и ја зачуваа предноста за четврта победа во АБА2.

Во тимот на Битола се истакнаа Никола Малешевиќ со 23 и Игор Кесар со 24 поени, додека кај поразените Реми Абел со 28 поени.

Битолските „зелено-бели“ по единаесет одиграни средби имаат четири победи во првенството, успеаја во обидот да го избегнат дното на табелата, а до завршувањето на регуларниот дел од сезоната им претстои и дуелот со Хелиос.

Се вчитува...