Пенал на Меси, па магија на Мбапе, Барса – ПСЖ 1-1 (видео)

Барселона прва дојде во водство на дуелот со ПСЖ со пеналот што го постигна Лионел Меси. Де Јонг втрча во шеснаесетникот и беше соборен од Курзава, а судијата Кујперс покажа на белата точка. Меси ја презеде одговорноста и го совлада Навас, а веќе во следниот напад Барса пропушти идеална шанса за втор гол по слабиот шут на Дембеле на додавање на Меси.

Казната стигна само неколку минути подоцна откако Мбапе извонредно се снајде во шеснаесетникот на Барселона, се ослободи од своите чувари и од пет метри го матираше Тер Штеген.

Одличен фудбал и најава за уште поинтересна пресметка до крајот на мечот на „Камп Ноу“…

Се вчитува...