„Пенг ужива во својот дом, слободна е и наскоро ќе се огласи“

Еден од уредниците на весникот „Глобал тајмс“ од Кина, Ху Чијин кој е еден од медиумите кои што блиску соработува со властите во оваа земја, тврди дека тенисерката Шуај Пенг е добро, дека ужива во својот дом и наскоро ќе се огласи.

Од 2. ноември кога објави дека била сексуално вознемирувана од поранешниот премиер на Кина, не се знае каде се наоѓа Кинезинката, а поголем дел од нејзините колеги меѓу кои и Наоми Осака не можат да ја контактираат.

„Преку моите извори ги добив овие фотографии кои говорат за моменталната состојба на Пенг. Таа е во својот дом и е слободна. Не сака никој да ја вознемирува. Наскоро ќе се појави во јавноста“, напиша Чијин на твитер. 

 

 

Се вчитува...