Манчестер Сити го комплетираше првиот мега-трансфер во англискиот фудбал во 2026 година откако „граѓаните“ денеска и официјално потпишаа договор со Антоан Семењо.
Одличниот крилен офанзивец играше во топ-форма во дресот на Борнмут, интерес за неговите услуги покажаа и Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул, но 26-годишниот Семењо го избра токму Сити за следна дестинација во кариерата.
„Граѓаните“ ја активираа клаузулата во неговиот договор со Борнмут плаќајќи 62 милиони фунти, по што Семењо потпиша договор со Сити со важност до јуни 2031 година.
„Бескрајно сум горд што доаѓам во Манчестер Сити. Го гледав овој тим како доминира во последните десетина години под водство на Пеп Гвардиола, освоија се што можеше да се освои, се надевам дека ќе помогнам да продолжи во ист стил“, истакна Семењо по потписот на договорот со „сино-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

