Пеп: Голот на Лео е убав, но јас сум заљубен во Верати

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е задоволен од играта на својот тим и покрај поразот од Пари Сен Жермен во дербито на второто коло во Лигата на шампионите.

Шампионот на Англија загуби во Париз со 2-0 во групата А.

„Имавме добра игра. Направивме речиси се’ како што треба, само ги промашивме шансите за гол. Ривалот се бранеше многу добро и се закани од контранапади. Игравме за да победиме, па останува горчливиот вкус. Особено затоа што ривалот постигна голови на лесен начин“, изјави Гвардиола.

Стрелци за ПСЖ беа Идриса Геј и Лео Меси, кои го имаа својот деби гол во дресот на „светците“.

„Голот на Меси беше многу убав. Ако е среќен во Париз, тогаш сум и јас. Сепак, би го издвоил Марк Верати. Заљубен сум во него. Тој е фантастичен играч. Тој е мал, но секогаш може да се смета на него. Среќен сум што се опорави од повредата и повторно игра“, потенцираше Пеп.

Предизвиците на Гвардиола немаат крај, Сити го чека Ливерпул да игра во дербито на шестото коло во Премиер лигата викендов.

„Ќе јадеме добро вечерва, ќе пиеме чаша вино, а потоа ќе се опоравиме и ќе се подготвиме за Ливерпул“, заклучи Пеп.

Натпреварот на „Енфилд“ ќе се одигра в недела во 17:30 часот.

Се вчитува...