Пеп Гвардиола со пофалба за Биелса – Никој на светов не игра како него

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека се воодушевува на Марсело Биелса човекот кој по пауза од 16 години го врати Лидс Јунајтед во англиската Премиер-лига.

„Марсело направи неверојатна работа. И минатата сезона беа сјајни, но не се пласираа во Премиер-лигата. Покажаа карактер и успеаја во тоа оваа година. Не играв за него како фудбалер и поради тоа тешко е да зборувам за него. Но, сум слушнал стотина фудбалери кои играле за него и имаат само пофални зборови. Јас сум среќен што имав шанса да разговарам со него. Тој е единствен во светот на фудбалот поради специфичниот стил. Тој е автентичен тренер. Никој на светов не игра како него“, изјави Гвардиола. 

Шпанскиот стратег додава дека Биелса е во врвот на најдобри тренери во светот без разлика на тоа што во кариерата нема водено европски гиганти.

Се вчитува...