Пеп ја „пецна“ Борусија, дали Каталонецот е лицемерен?

Во вторник ќе продолжи елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Од 21 часот ќе стартуваат дуелите помеѓу Манчестер Сити – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Ливерпул. Особено интересен е мечот меѓу „граѓаните“ и „милионерите“, а Гвардиола ќе има можност да го види Халанд во живо – фудбалер кој го посакува половина Европа.

По победата над Лестер, Гвардиола призна дека го гледал натпреварот меѓу Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт. Халанд не забележа добра игра, a „милионерите“ полека го губат местото што ги води во Лигата на шампионите следната сезона, но каталонскиот стручњак е полн со почит. Гвардиола ја знае силата на Борусија, на крајот на краиштата, тој го водеше Баерн во „Дер Класик“ цели три сезони.

“Не можам да најдам ниту еден играч на Борусија кој нема квалитет. Тие трошат многу пари на млади играчи и плаќаат многу пари на агенти за да ги донесат овие играчи кои имаат неверојатен квалитет. Имам неверојатна почит кон Дортмунд и нивната работа. Јас сум бил во Германија три години и тие отсекогаш биле голем противник. Знам дека имаат квалитет, Дортмунд не е само Халанд, туку и Санчо, Ројс, Дахуд и Хумелс, ја видов нивната игра и бев импресиониран од квалитетот што го имаат, ако ги оставите да трчаат, тие можат да ве убијат. Ние мора да бидеме агресивни“, рече Пеп.

Парите кои се даваат на фудбалските агенти како Мина Рајола се зголемуваат од сезона во сезона. Сепак, Гвардиола тврди дека Дортмунд плаќа огромни пари за потрага на нови таленти, додека неговиот Сити платил повеќе од 30 милиони фунти на агенти како Мендеш, и тоа само за време на последниот преоден рок.

Се вчитува...