Пеп по кратка постапка ја откачи Италија

Италијанскиот сон да биде ангажиран Пеп Гвардиола како предводник на „аѕурите“ за наредните четири години траеше многу кратко, откако трофејниот стратег ја одбил понудата на Италијанската Фудбалска Федерација.

Паоло Малдини во придружба на советникот Леонардо имаа состанок со Пеп во обид да го убедат да стане селектор на Италија, презентирајќи му го планот со кој каталонскиот стручњак би бил клучна фигура за кревање на италијанскиот фудбал на нивото на кое „аѕурите“ беа до пред десетина години.

Гвардиола слушал внимателно, но и експресно го дал својот одговор – одбивајќи ги Италијанците.

Не станува збор за самиот проект, туку за одлуката на Гвардиола да земе најмалку една година одмор по долгата авантура како предводник на Манчестер Сити.

Пеп јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран ниту за клупски ниту за репрезентативен ангажман до јуни 2027, можеби и подолго.

По ваквиот одговор, Италијанците се вратиле на домашните кандидати и во преден план повторно е Андреа Пирло.

Се вчитува...