Пеп: Почнуваме да пишуваме историја, не размислувам за освојување на четири трофеи

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа беа подобри од Борусија Дортмунд, а по реваншот во Германија, менаџерот на тимот Пеп Гвардиола беше многу среќен и рече дека сака да започне да ја гради историјата на клубот од Манчестер.

Сити во дуелот против Борусија направи пресврт и славеше со 2-1 на „Сигнал Идуна Парк“ и со вкупен резултат од 4-2 помина меѓу најдобрите четири екипи во Европа за оваа сезона.

„Неверојатно сум среќен за клубот, претседателот, навивачите, сите. Ова е втор пат да играме полуфинале – не влеговме во историјата со овој дуел, но почнуваме да ја пишуваме. Да се ​​биде еднa од најдобрите четири екипи во Европа и да се игра против овие големи и силни тимови е навистина одлично. Овој турнир можеби не е фер бидејќи сето тоа зависи од една игра. Денеска имавме пенал кој можеби не беше досуден во друга ситуација, но ова натпреварување зависи од ситуацијата. Драго ми е што го одигравме второто полувреме со карактер“, изјави Пеп Гвардиола по натпреварот.

Шпанецот напомена дека не размислува за освојување на можните четири трофеи, па најави дека кон оваа мисија тој и неговите фудбалери ќе одат од натпревар во натпревар.

„Ние сме во полуфиналето на ФА купот, полуфиналето на Лигата на шампионите и финалето на Купот Карабао. Потребни ни се уште три победи во Премиер лигата. Неверојатно е она што го постигнавме. Не размислуваме за освојување на четири трофеи, одиме од натпревар во натпревар“, изјави менаџерот на Сити.

Се вчитува...