По вчершаниот натпревар дуел помеѓу Реал Мадрид и Челси, полуфиналето од Лигата на Шампионите продолжува денеска со „финалето пред финалето“ во кое ќе се сретнат ПСЖ и Манчестер Сити од 21 часот.
За Пеп Гвардиола ова е прво полуфиналето како предводник на англискиот состав во елитното натпреварување, во кое претходните три години не успеа да ја помине полуфинлната пречка. Шпанецот изјави дека оваа фаза на натпреварувањето за неговиот состав е непозната, но неговиот тим е подготвен за надмудрување.
„Не сме елита во ова натпреварување, но сакаме да бидеме. Премиерлигата е најважна за нас, но би било убаво да оствариме резултат и во Лигата на Шампионите. Повеќето играчи за прв пат ќе играат во оваа фаза од натпреварувањето. Сите се подготвени, здрави и среќни. Благодарни сме што имаме прилика да играме полуфинале. За некои клубови тоа е нормално, но за нас е ново“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА