Пеп се закани: Доколку некој качи килограми за празниците, нема да игра за Манчестер Сити

После победата над Вест Хем, играчите на Манчестер Сити добија неколку слободни денови, со цел да бидат со најблиските за време на Божиќ. Но, за „боксинг деј“ играчите веќе мора да се вратат на обврските веќе за Божиќ, со оглед дека на 27 декември играат против Нотингем Форест.

Гвардиола поради тоа одлучи да воведе посебно правило и сака да избегне сценарио кое често се случувало изминатите сезони, а тоа е дека многу играчи на Сити знаеле да качат некој килограм во тој краток временски период околу новогодишните празници.

Токму од тука шпанскиот стручњак нареди секој играч на Сити да ја измери телесната тежина, и потоа по враќањето повторно ќе застане на вагата.

„Вчера сите играчи беа измерени. Сакам да контролирам колку килограми ќе накачат во текот на одморот и празниците затоа што ова се случува секоја година. Мораат и тие да се контролираат околу храната, затоа што накачуваат некој килограм повеќе што не е добро. Оној кој ќе дојде со три или повеќе килограми од она што имал во петокот, нема да патува на натпреварот против Нотингем Форест“, најави Гвардиола.

Се вчитува...