Пеп создаде „машина за победи“, на „списокот“ додаден и Вест Хем

Манчестер Сити ја продолжи неверојатната триумфална серија која по денешниот дуел со Вест Хем (2-1) брои фантастични 20 победи во низа на избраниците на Пеп Гвардиола севкупно во сите натпреварувања.

„Граѓаните“ не делуваа моќно како на последните натпревари, но сепак стигнаа до цел плен благодарение на головите на двајцата дефанзивци Дијаз и Стоунс. Португалецот Дијаз го постигна првиот гол во дресот на Сити стрелајќи прецизно со глава по асистенцијата на Де Бруине.

На 1-1 израмни Антонио пред крајот на полувремето, а во вториот дел можеше да се проследи целосна доминација на Манчестер Сити. Гвардиола го повлече индиспонираниот Агуеро, играта на „сините“ уште повеќе доби на динамика, а конечнит 2-1 ги постави Стоунс по додавањето на Марез.

„Чеканите“ создадоа стопроцентна шанса за израмнување во 94. минута, но Диоп биеше крајно непрецизно со глава иако се најде осамен на седум метри од голот на Едерсон.

Се вчитува...