Пепе доаѓа на лекарски прегледи на „Емирати“

Крилниот играч на Лил, Николас Пепе, во текот на денешниот ден треба да стане ново засилување на англискиот премиерлигаш Арсенал. Најавено е негово доаѓање на лекарски прегледи на „Емирати“, по што тој ќе стави потпис за верност кон „топчиите“.

Арсенал за ангажманот на Пепе ќе плати 80 милиони евра. Во трката за него беа и ПСЖ и Наполи, но очигледно дека Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата.

Ангажманот на Камерунецот значи и дефинитивно откажување од Вилфред Заха, кој сега е најблиску до преселба во Евертон.

Се вчитува...