Пепе се договори со кинескиот Хебеи форчун

Португалскиот интернационалец Пепе на лето дефинитивно го напушта Реал Мадрид и ќе се пресели во Кина. Тој го договори трансферот во Хебеи форчун, кинескиот прволигаш кој му понуди годишна плата од 15 милиони евра.

Пепе беше во комбинација и за преселба во Јувентус, но, на крајот сепак пресуди фантастилната понуда која ја доби од Кина. Во Хебеи веќе настапуваат Мбиа, Жервињо и Лавеци.

 

Се вчитува...