Македонскиот фудбалер Пепи Ѓоргиев во следната сезона ќе настапува за албанската Теута Дуреш. Ѓоргиев минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери на кратовски Силекс со кого успеа да го освои Купот на Македонија.
Ѓоргиев во Теута за соиграчи ќе ги има и Кристијан Драгарски и Благоја Тодоровски. Ѓоргиев покрај за Силекс во македонското првенство настапуваше и за екипите на Кожуф, Беласица и Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА