Пепи Манасков за посилен Алкалоид

Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков во новата година ќе има и нов предизвик во Алкалоид каде ќе работи на развој на младинските категории, потврди директорот на скопскиот клуб, Горан Минов.

Манасков е добро познат по работата со младите ракометари, функција која успешно ја вршеше и во Вардар, a во тренерската кариера беше дел и од Куманово и Работнички.

Ангажманот на Манасков ќе биде голема помош за младиот, но амбициозен клуб кој оваа сезона во Суперлигата забележа 11 победи и 3 порази.

Се вчитува...