Данило: Елиминацијата на Италија не е изненадување, Македонија покажа дека има добар и борбен тим!

Португалскиот дефанзивец, Данило Переира беше стартер на синоќешниот меч на кој неговата репрезентација издвои победа над Турција (3-1), но за разлика од тоа што стандардно го игра во ПСЖ, овој пат тој беше поставен како стопер.

Португалија имаше драматична завршница поради нереализираниот пенал на Турците при резултат од 2-1 во 85-та минута, што значи дека селекцијата предводена од селекторот Сантош ќе ја пречека Македонија во финалето за пласман на Светското првенство.

Победата на нашиот тим во Палермо цела светска јавност ја пренесе како огромна фудбалска сензација, но за Данило, триумфот на Македонија не е големо изненадување.

„Тоа што не се пласиравме директно на Светското првенство беше лош и непријатен удар за нас, но ние веруваме дека ќе бидеме таму, стопроцентно веруваме во нашите квалитети. – Што се однесува до Италија, не сум изненаден од нивната елиминација, навистина воопшто не сум изненаден. Македонија имаше одличен квалификациски циклус, имаат добар и борбен тим. Знаеме дека Македонија е организирана репрезентација и чесно ја победија Италија. За мене тоа не е изненадување“ – вели фудбалерот на ПСЖ.

Се вчитува...