Перез е „зависник“ од Мбапе, поради него ги одбил Роналдо и Левандовски

Фијаското на Барселона му дава право на Реал Мадрид да биде исклучително комотен во овој летен преоден рок бидејќи и со актуелниот играчки состав е фаворит за титулата во шпанското првенство.

Летово на мадридскиот клуб му биле понудени четворица одлични фудбалери кои биле одбиени без многу размислување. Први имиња се секако Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски за кои Флорентино Перез не сакал ни да размислува. Понудени биле и Ауар од Лион и Чуамени од Монако, исто така без договор. Сето тоа поради желбата на претседателот да го донесе Килијан Мбапе, без разлика дали сега или идното лето.

Причина за ваквата политика е лошата финансиска состојба во клубот, па последните две години Реал се насочи на продажба на непотребните фудбалери и заработи околу 200 милиони евра. До крајот на летниот преоден рок се очекува да си заминат и Јовиќ, Маријано и Одриосола.

Се вчитува...