Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион. овој фудбалер во Сити веќе го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер.
Според „АС“, „граѓаните“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за него покажува Реал Мадрид. „Кралевите“ сакаат да ја засилат одбраната и веруваат дека шпанскиот репрезентативец ќе биде идеално решение.
Сити за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА