Перез и Реал треба да побрзаат: Се појави нов кандидат за потписот на Мбапе!

Овие денови трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е најзборуваната вест во речиси сите светски медиуми, кој, сепак, би можел и да не се оствари, откако управата на ПСЖ ја одби првичната понуда, а потоа и влезе во „војна со зборови“ кон шпанскиот гигант.

Францускиот напаѓач никако не сака да го продолжи договорот со „светците“, што му завршува на крајот од оваа нова сезона, поради што неговото заминување е сѐ поизвесно, сепак, крајната дестинација би можела и да не биде Мадрид. Според шпанските медиуми, неочекувано во игра за ангажман на Мбапе влегол и премиерлигашот Ливерпул, кој, сепак, ги нема парите кои сега ги бара ПСЖ, но кој сака уште сега да се договори со фудбалерот да издржи сезонава, по чие завршување би се преселил во Англија за огромна плата.

Токму понудите како оваа на тимот од „Енфилд“ се причината поради која ПСЖ би сакал да го продаде летово, а Реал Мадрид би сакал да го купи веднаш, знаејќи дека ако не го стори тоа, тогаш в година ќе има далеку поголема конкуренција во борбата за Французинот, кој би бил најголема ѕвезда на пазарот бидејќи за него нема да треба да се плати никаква отштета.

Се вчитува...