Перез: Ја создадовме Суперлигата како би го спасиле фудбалот!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој е еден од главните творци на новото натпреварување, Суперлигата, во интервју изјави дека и покрај сите обвинувања од фановите и дел од спортските работници, вели дека таа е формирана како би се спасил фудбалот.

„УЕФА е монопол. Ние ја создадовме лигата како би го спасиле фудбалот. Истото го направив кога дојдов и во Реал Мадрид. Застанав на негово чело како би го спасил клубот во тешки моменти. Се што правам во животот е за доброто на фудбалот. Во 50-те години беше создаден КЕШ за да се спаси фудбалот, сега го правиме истото со Суперлигата. Со актуелната ЛШ сите ние ќе продолжиме да се давиме“, вели Перез. 

12-те најбогати клубови во Европа одлучија да формираат натпреварување во кое само тие ќе играат меѓусебно, што доведе до бројни критики од целиот свет, а ФИФА и УЕФА веќе размислува за големи казни за овие клубови, како што се исфрлување од тековните натпреварувања под нивно покровителство како и забрана за играчите од овие тимови на Континенталните и Светски првенства.

Се вчитува...