Перез: Кој го сака Модриќ, нека плати 750 милиони евра

Кристијано Роналдо замина во Јувентус, а медиумите на Апенините најавија дека и Лука Модриќ би можел да се пресели во Серија А. За него е заинтересиран Интер. Но, претседателот на Реал Мадрид, тоа категорично го демантира, и вели дека заинтересираниот клуб ќе треба да ја плати отштетната клаузула за Хрватот. А таа изнесува огромни 750 милиони евра.

„Модриќ нема да си замине од Реал Мадрид. Тој нема да си оди ако некој не плати 750 милиони евра и ниту евро помалку“, изјави Флорентино Перез.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ најави дека Модриќ треба да има состанок со Флорентино Перез на кој ќе ја истакне својата желба да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Италија, пред се поради семејни причини.

Се вчитува...