Перез му ветил на Зидан повеќе од 400 милиони евра за засилувања

Реал Мадрид ги загуби сите трофеи оваа сезона, но веќе наголемо се подготвува за следната, и тоа со огромни амбиции. Претседателот Флорентино Перез ја сфатил грешката поради која Французинот најверојатно и си замина од „Сантијаго Бернабеу“, дека овој тим на „кралевите“ беше презаситен од успеси и ќе мора да се реновира, и на Зидан му ветил 400 милиони евра за нови засилувања во летниот преоден рок.

Најверојатно оваа сума ќе биде дополнета и со заминувањето на Герет Бејл, па Зидан ќе има на располагање повеќе од половина милијарда евра за да состави нов тим по свој вкус, кој повторно ќе треба да ги покорува Европа и светот.

Еден Азар одамна е голема желба на Зидан и тој треба да биде првото засилување следното лето, а се споменуваат и Кристијан Ериксен, Хари Кејн, Мауро Икарди, Калиду Кулибали, Матијс де Лигт…

Се вчитува...