Перез не губи време, Реал Мадрид има усмен договор со Ерлинг Халанд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд има усмен договор со раководството на Реал Мадрид за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето. 21-годишниот супер талентиран играч го бараат повеќето од најдобрите тимови во Европа, но се чини дека во моментов Реал Мадрид е чекор пред своите конкуренти.

Според „Диарио Мадридиста“, договорот на Норвежанецот вклучува откупна клаузула вредна 80 милиони евра, која ќе биде активирана летото 2022 година. Оваа сума е релативно ниска во споредба со парите платени во последните години за играчите од неговата класа. Затоа клубовите како ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Баерн (Минхен) и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата со Халанд.

Сепак, иднината на напаѓачот можеби веќе е решена доколку се покаже дека се точни информациите за договорот со Реал Мадрид. Тој разговарал со претседателот Флорентино Перез и рекол „Да“ за неговиот предлог за трансфер следното лето. Покрај тоа, Реал има добри односи со газдите на Борусија (Дортмунд). Реал Мадрид ја испочитува желбата на германскиот клуб да го задржи играчот уште една сезона, но се подготвени со понуда за следното лето.

Неодамна беше објавено дека Флорентино Перез има голем план да ги собере двете најголеми млади sвезди на „Бернабеу“ следното лето. Покрај Халанд, првиот човек на Реал се надева дека ќе го земе и Килијан Мбапе од ПСЖ, и двајцата ќе формираат „смртоносно тандем“ во нападот доколку тоа се случи.

Се вчитува...