Перез: Не сакам веќе да слушам за Анчелоти, тој има договор со Реал

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги отфрли сите шпекулации за заминување на тренерот Карло Анчелоти од клупата на „кралевите“.

Во последно време многу се шпекулира за негово заминување, особено ако не успее да ја освои Лигата на шампионите, и да го преземе кормилото на Бразил, но Флорентино не се согласува со тоа и вели дека е задоволен од работата на Италијанецот.

„Не сакам повеќе да слушам за Анчелоти. Тој има договор со Реал Мадрид и ние сме задоволни од неговата работа“, рече Перез.

Претходно и Анчелоти кажа дека ќе остане во Реал до крајот на договорот, кој е со важност во 2024 година.

Се вчитува...