Перез не се откажува од Мбапе: Реал Мадрид подготвува „мега“ понуда што ПСЖ не може да ја одбие

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид летово планира да ја примени истата трансфер-политика за Килијан Мбапе, како и во минатото со Еден Азар, Тибо Куртоа и Тони Крос. Перез во неколку наврати досега има покажано и докажано дека не се лесно откажува од веќе замислените трансфер цели, па затоа и во овој случај се отворени сите опции за конечно доаѓање на Мбапе во Мадрид.

„Кралевите“ планираат да испратат понуда од 120 милиони евра за Французинот во текот на оваа или следната недела. ПСЖ ќе биде приморан сериозно да ја разгледа, бидејќи Мбапе има уште една година од својот договор. Бидејќи не планира да потпише нов, ПСЖ треба да одлучи дали ќе го продаде летово за 120 милони или ќе дозволи следната година да си замине бесплатно.

Ваква трансфер-стратегија Реал имаше и при трансферот на Еден Азар од Челси пред две години. Белгиецот имаше уште една година од договорот, па Реал испрати понуда од 100 милиони евра и Челси веднаш прифати. Слично беше и со Куртоа и Крос.

Се вчитува...