Перез подготвува големо изненадување за навивачите на Реал

Пред Реал Мадрид е возбудливо лето откако клубот го напушти Кристијано Роналдо, па сите сега очекуваат сериозно засилувања во кралскиот клуб.

Претседателот Флорентино Перез потврди дека „кралевите“ активно работат на доведување фудбалер кој треба да го замени Роналдо, но и дека работат на сите останати полиња за засилување на тимот.

Па, од тие останати полиња, шпанските медиуми пренесуваат дека Перез подготвува изненадувачка понуда за десниот бек на Тотенхем, Киран Трипие кој воодушеви многумина на Мундијалот во Русија.

Мадридски „АС“ пренесува дека Трипие би можел да заврши во Реал веќе следниве денови. Според информациите од Англија, пак, Тотенхем нема да се согласи да го ослободи овој фудбалер за помалку од 50 милиони фунти.

Но, веста ги изненади вистински навивачите на Реал кои, по информацијата, преку социјалните мрежи порачуваат дека не им треба десен бек, позиција која добро ја држи Дани Карвахал.

Се вчитува...