Перез прави ремонт: Икарди, Бонучи, Кепа…

Европскиот и светски првак Реал Мадрид е во голема „дупка“ во Ла Лига, Барселона после триумфот на Ел Класико има огромни 14 бода предност, па раководството на „кралскиот клуб“ мора да преземе мерки за ремонт на тимот. Засега претседателот Флоретино Перез му изразува поддршка на тренерот Зинедин Зидан, но затоа веќе има подготвено 200 милиони евра за ангажман на засилувања. Дел од нив би можеле да пристигнат уште во јануари, но фокусот е сепак за новата сезона.

Мауро Икарди е првиот „пик“ на Реал Мадрид за засилување на навалната линија. За него „кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони евра. Оваа сезона 24-годишниот напаѓач постигна 17 гола на 18 натпревари во италијанскиот шампионат.

Одбраната треба да биде засилена со Леонардо Бонучи. Италијанскиот репрезентативец пред шест месеци беше доведен во Милан како големо засилување од Јувентус, но тој се вклопи во „сивилото“ на „росонерите“ и наводно размислува за експресно заминување од „Сан Сиро“.

Реал Мадрид веќе подолго време бара и голман. Кепа Аризабалага се најавува како потенцијално засилување, иако во комбинација се и Хуго Лорис од Тотенхем и Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...