Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс е голема желба на Реал Мадрид, поради што Атлетик Билбао би можел да заработи огромни пари доколку се точни гласините за „кралскиот клуб“.
Гигантот од главниот град наводно е подготвен да искешира 58 милиони евра колку што е откупната клаузула за 22-годишното крило на баскискиот клуб.
Вилијамс минатата сезона беше на прагот да потпише со Барселона, каде што требаше да направи „смртоносен тандем“ со Ламин Јамал, како што беше случај во кампањата за европскиот трон минатото лето, па мотивот на Реал за овој потег е јасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА