Перез: Сакам 14. трофеј во ЛШ, во финалето на „Ванда Метрополитано“ да ја победиме Барселона

Актуелниот европски првак Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ против Рома почнува со одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Претседателот Флорентино Перез посакува да продолжи серијата, да биде освоен и 14.пехар во елтиното клупско натпреварување, а во финалето на „Ванда Метрополитано“, стадионот на мадридскиот ривал Атлетико, неговиот тим да ја победи Барселона.

„Реал Мадрид секогаш размислува само за освојување на трофеите. Би било идеално, да го повториме и четврти пат по ред големиот успех, а на „Ванда Метрополитано“ да ја победиме Барселона во финалето“, изјави Флорентино Перез.

Оваа сезона „кралевите“ се без тренерот Зинедин Зидан, кој беше предводник на тимот што трипати по ред го креваше пехарот, и без големата ѕвезда Кристијано Роналдо. Португалецот сега го носи дресот на Јувентус.

 

Се вчитува...