Перез: Се врати најдобриот тренер на светот….Зидан: Среќен сум што дојдов дома

Французинот Зинедин Зидан и официјално е нов тренер на Реал Мадрид. Тој замина пред почетокот на оваа сезона, но по само осум месеци повторно е дел од „кралскиот клуб“. Потпиша договор до јуни 2022 година и ќе има задача да ги врати пехарите кои што ги остави во сопственост на „кралевите“ кога си замина. Хулеп Лопетеги и Сантијаго Солари го доведоа клубот во ситуација да не може да се бори ниту за еден трофеј на почетокот на март, а тоа беше знак за Флорентино Перез повторно да се му се јави на Зизу.

„Најдобриот тренер во светот се врати во Реал Мадрид. Зидан, ти ја претставуваш големината на овој клуб. Добредојде дома. Твојата посветеност на овој клуб е огромна и судбините повторно се споија“, порача претседателот на Реал Мадрид на официјалната промоција.

Зинедин Зидан е среќен што се враќа на „Сантијаго Бернабеу“.

„Среќен сум што дојдов дома. Заминав бидејќи тоа ми беше потребно во тој момент. Но, сега добив повик од претседателот Флорентино, и сите знаат јас колку го сакам Реал Мадрид. Не можам да кажам „НЕ“, никогаш тоа нема да се случи. И ќе работам напорно за повторно тимот да биде најдобар. Имаме уште 11 натпревари до крајот на оваа сезона и ќе почнеме од нив“, изјави Зинедин Зидан.

 

Се вчитува...