Перез во акција: Азар доаѓа на зима во Реал, а Нејмар следното лето?

Европскиот првак Реал Мадрид е во голема криза, ударот е насочен кон тренерот Хулен Лопетеги, но и кон раководството на клубот, кое не доведе соодветни засилувања по заминувањето на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Но, Флорентино Перез тргнува во акција. Шпанските медиуми најавуваат дека тој ќе купи две мегаѕвезди во претстојниот период.

Белгиецот Еден Азар би можел да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ итно, во зимскиот преоден рок, а Бразилецот Нејмар според планот треба да го засили „кралскиот клуб“ во летото 2019 година. За ова Флорентино Перез веќе има подготвено 400 милиони евра. И изминатиот летен преоден рок имаше најави дека овие фудбалери, или барем еден од нив, би можел да долета во Мадрид, но тоа не се случи.

 

Се вчитува...