Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид подготви нов договор за Винисиус Јуниор. Се очекува Бразилецот да потпише и да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2028 година.
По одбивањето на Мбапе да дојде во Мадрид, сега Реал комплетно ќе му даде доверба на крилниот напаѓач и ќе го „врзе“ уште шест сезони.
Винисиус го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул и тоа за него беше „шлаг на тортата“ во неговата најсилна сезона откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Тој имаше значаен придонес за титулата во Ла Лига со 17 гола и 10 асистенции.
Реал Мадрид го купи талентираниот напаѓач во 2018 година од Фламенго. Шпанскиот гигант плати над 40 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер на Бразилец до 18 години. Оттогаш Винисиус со Мадрид освои 6 трофеи и е составен дел од репрезентацијата на Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА