Перфектен гол – Фудбалот е прекрасен кога го игра Барса (видео)

Барселона одигра феноменално на реваншот од Копа дел реј со Севилја, славејќи со 6-1, а најубав момент на натпреварот дефинитивно беше шестиот гол на каталонскиот гигант, постигнат од Лионел Меси.

Пласманот во полуфиналето веќе беше осигуран, кога Барса тргна во контранапад, а Меси од центарот на игралиштето упати долго додавање до Артуро Видал… следеа четири додавања „од прва“ на каталонските фудбалери, пред топката повторно да стигне до Меси, кој рутински го матираше голманот на Севилја.

Фудбалот без сомнеж е прекрасна игра кога го играат велемајстори од Барселона на чело со Лионел Меси.

Се вчитува...