Перфектен старт на сезоната за Елиф Елмас: Мајсторски гол во триумфот на Наполи (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на најдобар можен начин ја почна новата сезона во Серија А, запечатувајќи ја со погодок победата на Наполи од 2-0 против Венеција во стартното коло.

Елмас во игра влезе во 35. минута од средбата, откако стратегот на наполитанците мораше да направи тактички измени по директниот црвен картон за Осимхен во 25. минута.

И потоа македонскиот фудбалер одигра квалитетен натпревар во небесносиниот дрес, сето тоа заокружено со голот во 73. минута за 2-0.

Претходно Наполи до предност од 1-0 дојде со голот на Инсиње во 62. минута.

Рома, пак, убедливо со 3-1 славеше против Фиорентина. Мкхитаријан во првото полувреме, и Верету во два наврати во второто полувреме беа стрелците за победата на „волчицата“.

Се вчитува...