Перфектниот Ливерпул му одржа лекција и на Тотенхем

Ливерпул со уште еден извонреден натпревар го задржа стопроцентниот ефект од стартот на сезонава, овојпат со триумф на гостувањето на „Вембли“ против Тотенхем (1-2). Избраниците на Јирген Клоп целосно доминираа во однос на противникот, а триумфот можеше да биде уште поубедлив доколку „црвените“ беа поумешни во реализацијата на бројните шанси што ги создадоа на теренот на англискиот храм на фудбалот.

Фирмино постигна гол веќе во првата минута, но истиот беше поништен поради офсај на Мане.„Црвените“ ја контролираа играта до крајот на полувремето, успевајќи и да поведат со голот на Вајналум, кој биеше прецизно под гредата со глава по еден корнер од левата страна. Дилемите околу победникот беа разрешени во второто полувреме откако Фирмино се најде на вистинсско место во вистинско време и погоди за 0-2, резултат при кој гостите не реализираа уште неколку извонредни шанси.

Конечните 1-2 во 93. минута ги постави Ламела, премалку за да се стигне барем до бод на овој дерби ддуел.

За Ливерпул овој триумф е одлична увертира за претстојниот меч од ЛШ против ПСЖ, додека на спротивната страна Почетино ќе мора да наоѓа лек за кризата на Тотенхем по вториот премиерлигашки пораз во низа.

Се вчитува...