Периќ е новиот капитен на Еурофарм Пелистер

Јосип Периќ е нов капитен на Еурофарм Пелистер, одлучи стручниот штаб на битолскиот суперлигаш. Периќ пристигна минатата сезона во Еурофарм Пелистер и експресно се наметна како еден од лидерите на тимот, што беше причина да му биде доделена и капитенската лента во пресрет на новата сезона. Негов заменик ќе биде искусниот Милорад Кукоски.

Капитен минатата сезона беше Градимир Чаневски, кој летово ги промени клупските бои и во следната сезона ќе настапува за тимот на Бутел.

Се вчитува...