„Перишиќ ме воодушеви против Ливерпул“

Интер не успеа да го одбрани домашниот терен од Ливерпул во осминафиналето од Лигата на Шампионите. „Нероаѕурите“ одиграа одличен натпревар, но потфрлија во последните 15. минути во кои прво стрелаше Фирмино, а потоа победата ја осигура Мо Салах.

Пофалби за играта на Интер стигнаа од сите страни, а поранешниот тренер на Милан, Ариго Сачи имаше пофални зборови и за хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ.

„Верувам дека резултатот не е реален и дека Интер заслужи многу повеќе. И покрај поразот мислам дека шампионот на Италија има голема шанса да осигура место во следната фаза доколку игра вака и на Енфилд. Интер мора да го подобри пресингот во нападот и одбраната. Интер не е полош од Ливерпул ни во погледот на индивидуалните квалитети, во таа смисла најмногу ме импресираше Иван Перишиќ. Тој е над сите во Интер, одличен играч. Исто како и Брозовиќ кој никогаш не ме разочарува“, вели искусниот стратег.

Се вчитува...